Со прстен од 200.000 долари Бруклин Бекам ја побара раката од неговата девојка Никола Пелц


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славното семејство Бекам деновиве има огромна причина за радост, откако нивниот 21-годишен син Бруклин Бекам ја побара за сопруга својата девојка Никола Пелц.

Синот на дизајнерката Викторија и фудбалерот Дејвид Бекам, Бруклин Бекам, ја побарал за сопруга својата девојка Никола Пелц, а медиумите пишуваат дека свршеничкиот прстен чини 200.000 долари.9о

Тие се во врска девет месеци, од крајот на 2019 година, а таа е четири години постара од него и професионално се занимава со глума.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Бруклин е најстариот син на Викторија и Дејвид, а странските медиуми навеедувааат дека прстенот што го купил за својата свршеница има од 4,5 до 5 карати. Таков прстен имаат Џенифер Лопез, Амал Клуни и Џенифер Лоренс, пренесува британски „Мирор“.

Инаку, Никола Пелц е ќерка на милијардерот Нелсон Пелц, а неговото богатство е проценето на 1,3 милијарди фунти и е многу поголемо од богатството на Бекам, кое беше проценето на 350 милиони фунти лани.