Каков е Роналдо како комшија – еве што велат соседите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристиано Роналдо без дилеми е еден од најдобрите спортисти на сите времиња, а од самиот почеток на кариерата до денес тој е фокусиран само на фудбалот.

Роналдо знаеше дека сака да стане најдобар играч во светот и се насочи само кон тоа. Неговиот живот е фокусиран само на фудбалот и ретко сака да зборува за она што го прави во слободно време.

Неговите соседи во Торино открија за италијанските медиуми дека Роналдо е исклучително тивок и повлечен човек.

„Кај него ги нема тие забави, дружење со пријателите и соиграчите секој ден или дивеење со автомобилот низ населбата. Тој е неверојатен човек како и целото негово семејство. Често е надвор со неговите деца, си играат, но никогаш не се прегласни. Сите сме изненадени од тоа колку внимава на се и навистина секоја чест за него за тоа. Тоа не го очекувавме кога се досели во куќата покрај нашата“, изјавија соседите на Роналдо.