Како газда!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како летањето со параглајдер само по себе да не е доволно адреналинска дисциплина и предизвик, инструкторот по параглајдинг Хасан Кавал од Турција реши адреналинот да го искомбинира со доза на дополнителна удобност сместувајќи се во неговиот двосед и така летајќи над морето.

Кавал ги закачи двоседот и ТВ на параглајдерот, а целото патување го снимал со камера. Снимањето на овој необичен лет стана хит на Интернет. По полетувањето, Хасан се навали на каучот пред телевизорот и не носеше безбедносна опрема.

Тој ги соблече чевлите, ги облече домашните влечки и се опушти да ужива во чипсот додека леташе неколку стотици метри над морето. Откако слета безбедно на земја, Хасан рече дека уживал во летот.

„Никогаш не сум се чувствувал толку опуштено“, рече тој.