Крис Хемсворт ќе помине низ најголема физичка трансформација за улогата во филмот за Халк Хоган


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


За потребите на толкувањето на ликот на еден од најпознатите професионални борачи на сите времиња, Халк Хоган, славниот холивудски актер Крис Хемсворт на големо се подготвува за што поверодостојно и поавтентично да го пренесе на големото платно карактерот кој ќе го глуми во новиот филм во продукција на Нетфликс.

Улогата на борачката легенда од осумдесеттите години за 36-годишниот Хемсворт ќе биде негова најголема и најрадикална физичка трансформација до сега. Во изјава за Total Film, австралискиот актер рече дека очекува филмот да биде навистина забавен проект.

„Како што можете да замислите, тоа ќе биде откачена физичка подготовка за улогата. Ќе морам да зголема на маса повеќе од било кога досега, повеќе дури и од улогата на Тор“, изјави Крис.

Освен физичката трансформација, Хемсворт ќе ора да работи и на тоа да го изгради ставот кој го имаше Халк, како и неговиот акцент на говор. Актерот вели дека е возбуден што „ќе се нурне длабоко во светот на борењето“.

Крис додаде дека има уште доста време до снимањето на филмот, со оглед на тоа што ни самиот тој уште го нема видено сценариото.