Кризата заради коронавирусот нив ги направи милионери


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Британскиот брачен пар Ендрју и Рејчел Монтаг заработиле неверојатни 30 милиони фунти за нешто повеќе од два месеци, пренесува The Sun.

На почетокот на карантинот во Велика Британија, тие ја отвориле фирмата ClearWater и започнале да тргуваат со средства за дезинфекција. Тие произведуваат 900.000 литри средства неделно, а веднаш штом започнале со работа, побарувачката за нивните производи била голема.

Велат дека сакале да ги понудат производите по пристојна цена, откако виделе луѓе на кои што им продаваат шишиња за 30 фунти.

„Сакавме да понудиме производи со висок квалитет по разумни цени и да го намалиме увозот на средства за дезинфекција од други земји“, рече Ендрју.

„Се започна кога еден член на семејство не контактираше со идеја на почетокот на март. Веднаш се согласивме и се фрливме на работа“, рече тој.

Со текот на времето, тие склучувале договори со клиенти и успеале да го прошират пазарот. Одредени средства за дезинфекција биле донирани на медицинскиот персонал низ целата земја.

„Сето тоа се случи многу брзо. Јас бев воодушевен што луѓето ја препознаа нашата работа”, заклучи Ендру.