Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Грчки стартап „Спирос Панопулос Автомотив“ работи на развивање болид кој ќе привлече внимание со својата огромна моќ, но и со дизајн кој, барем според она што можеме да го видиме досега, е вистинско уметничко дело во светот на автомобилскиот дизајн.
Планот е да се создаде автомобил од кој на сите ќе им се заврти во главата. За разлика од другите, Грците тука избраа класичен погон. Се состои од 4,0 Т10 твин-турбо, и се претпоставува дека ќе врти до 12,000 вртежи во минута. И не само тоа, со гориво E85 ќе додаде дури 3.000 КС, што е, на пример, двојно повеќе од Chiron.
Грчката компанија не застанува тука, затоа развива дизајн на автомобилот со еднаква идеја.
Веќе се објавнеи некои детали, а последни во серијалот се бандажите. Тие се со дијаметар 22 инчи и се создадени со напредно 3Д печатење од легура на титаниум. Технологијата е воведена пред нешто помалку од две години, што е многу поразлично од класичното 3D печатење.