Во Белград денес прогласена вонредна состојба


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На седницата на Градскиот кризен штаб во Белград денес беше прогласена вонредна состојба поради влошената епидемиолошка состојба.

Како што претходно објасни заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, , ова е стандардна постапка за да може да се изменат мерките што ги објави синоќа претседателот на Србија, а кои се однесуваат на влошената епидемиолошка состојба во Белград.

Тој објасни дека мора да се исполнат одредени формални услови за да се спроведат мерките на Републичкиот кризен штаб, а првата е да се организира седница на Градскиот штаб за итни случаи и да се прогласи вонредна состојба на територијата на градот Белград.

Весиќ прецизираше за ТВ Прва дека, според постапката, Владата на Србија потоа ќе донесе одлука да пропише одредени мерки на територијата на градот Белград, врз основа на одлуката на градскиот штаб да прогласи вонредна состојба.

Кога станува збор за мерките, прво е забранет влез во затворени простории без маска, каде ќе треба да се почитува растојанието од 1,5 метри, додека сите што користат јавен превоз ќе треба да носат маски, за што ќе бидат предвидени одредени санкции.

Покрај тоа, ќе биде забрането да се соберат повеќе од сто луѓе во затворено и повеќе од 500 на отворено. Работата на угостителите ќе биде ограничена и нема да работат помеѓу 11 и 6 часот наутро.

„Овие мерки ќе ги воведеме две недели и сметаме дека ќе биде доволно да се вратиме во нормален живот после тоа. Во секој случај, доколку има нови мерки, граѓаните ќе бидат навреме известени“, рече заменик-градоначалникот.