Келнер во „Старбакс“ одбил да послужи клиентка која не носела маска – добил бакшиш од 98.000 долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Келнер вработен во „Старбакс“ во Сан Диего (САД), кој одбил да послужи клиентка поради тоа што не носела заштитна маска, за тој негов совесен потег, кој во односот со клиентката му предизвикал непријатна ситуација, добил бакшиш од вртоглави 98.700 долари. Келнерот го добил сневеројатниот бакжиш откако видео од оваа случка било поставено на Фејсбук.

24 годишниот Ленин Гутиерез ја одработувал својата смена кога во локалот влегла една жена без маска на лицето, пренесува „NBC“.

Гутиерез ја прашал клиентката дали има маска за лице, но пред да може да и ги покаже правилата на неговата компанија, според кои клиентите мораат да носат маски во локалите, жената го нападнала келнерот, а потоа и го снимала.

Откако незадоволната жена објавила видеото од случката со келнерот во Старбакс на Фејсбук, се случи пресврт што сигурно не го очекувала.

На Интернет наскоро се појавила страницата „GoFundMe за келнерот Ленин Гутиерез“, на која беше објавено споменатото видео, а од корисниците било побарано да донираат бакшиш за работник во „Старбакс“.

На интернет страницата биле донирани 98.700 американски долари, средства кои како што е наведено ќе му дадени на Гутиерез, за ​​да може тој да го оствари својот сон и да стане професионален танчер.