Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од 24 јули повторно продолжува целосната примена на Законот за извршување – 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, информираат од Комората на извршители.
Согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 86 од 01 април 2020 година), беше предвидено дека Законот за извршување нема да се применува до 30 јуни. Потоа, со измени на Уредбата беше предвидено дека Законот за извршување нема да се применува „заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба“.
Од Комората посочуваат дека важењето на последната Уредба е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, која заврши на 23 јуни. Според тоа, од 24 јули продолжува целосната примена на Законот за извршување.