Брачен пар со оружје го бранеше имотот од демонстрантите во САД


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Брачен пар беше фотографиран и снимен со вперено оружје кон демонстрантите кои упаднале на нивниот имот, откако група активисти на „Црните животи се важни“ (BLM) ги урнаа портите во богата населба во Сент Луис, Мисури.

На интернет се појавија повеќе видеа од расправиите, при што парот доби и пофалби дека „си го брани имотот“, и критики за „малтретирање“ со оружје и осуда за „заканување кон мирни демонстранти“.

Некои од активистите стоеле на самиот раб на тревникот, снимајќи ја двојката, а некои, наводно, дури и подбивно им го дофрлале слоганот „ќе ги јадеме богатите“.

Парот, пак, за возврат им викале на демонстрантите, наредувајќи им да заминат од нивната приватна сопственост, на моменти вперувајќи го оружјето кон толпата.

Групата демонстранти наводно ја урнале портата на влезот во населбата и дошле пред куќата на градоначалничката Лида Крусон, уривајќи ги полициските барикади во дворот и на предниот трем, и го нацртале зборот „ОСТАВКА“ на улицата пред нејзините прозорци.

Демонстрантите бараат таа да даде оставка делумно и поради јавното откривање на имињата на неколку активисти на BLM што повикувале да не ѝ се даваат пари на полицијата и да се затвори локалниот затвор. Демонстрантите со недели маршираат во Сент Луис како дел од протестите на национално ниво против бруталноста и расизмот, предизвикани од смртта на Џорџ Флојд од рацете на полицијата.