Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој последен јунски понеделник во Македонија носи сончево и многу топло време, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 25 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне 35 степени. Маврово 25, Охрид 30, Битола 33, Крива Паланка 31, Берово 30, Кавадарци 37, Дојран 38.
До средината на следнава седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во втората половина од седмицата во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе се спуштат за неколку степени.