Ден Дончев вчера повикан на распит во полиција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, во текот на вчерашниот ден беше повикан на информативен разговор во полиција.

Причина за распитот се објавените снимки на кои се гледа како Дончев зема пари и ги става во чанта. Не е познато дали инспекторите за организиран криминал го откриле мотивот и сумата на пари.

По информативниот разговор, се дознава дека Дончев е ослободен и против него во моментот не се преземени никакви законски мерки. Веќе неколку дена, анонимни лица објавуваат прислушувани материјали на Јутјуб на кои се слуша гласот на Дончев, по што МВР започна истрага.

Претходно, од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција изјавија дека не може да реагираат врз основа на нецелосни снимки. По објавувањето на снимките и обвинувањата од опозицијата кои го поврзуваат со случајот „Дијамед“, Дончев изјави дека снимките се стари и дека исплатата на пари е поврзана со приватна работа за која не даде детали.

Дончев беше директор на Фондот за здравство од август 2017 година до мај годинава. На 5 мај, тој поднесе оставка во која наведе дека се повлекува поради приватни и семејни причини.