Спасовски тврди: Гласањето на избори нема да го загрози здравјето на граѓаните“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска апелираше за фер и демократски предвремени парламентарни избори, со максимално почитување мерките за заштита против корона вирусот.

Според него, изборите се решение за успешно да се излезе од здравствената, социјална и економска криза што е можно само со целосно функционални институции.

„Правото на граѓаните да го искористат своето право на глас, нема да го загрози нивото здравје. Се повикувам на епидемиолозите кои потенцираат дека гласањето не ги изложува граѓаните на ризик ако ги почитуваат мерките. На гласачките места се задржуваме три до пет минути, поомалку од одење во маркет и на пазар, битно е да носиме маски и да држиме дистанца“, рече Спасовски.

Тој порача и дека не смее да има никакви злоупотреби во текот на изборниот процес, посебно не од страна на државните функционери.