Раѓа за Ѓоковиќ: „Човекот сакаше да ни помогне, а вие се натпреварувате кој повеќе ќе просере“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот хрватски кошаркар Дино Раѓа јавно застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ и се заложи за неговиот јавен имиџ, остро напаѓајќи ги неговите сонародници кои овие денови го обвинуваат за новите случаи на коронавирус во Задар.

„Адрија тур“ од спектакл се претвори во извор на ковид-19. Хрватите кои и онака не се мирисаат со Србите распалија силно по Новак Ѓоковиќ. Но Дино Раѓа е еден од оние разумните од оваа земја кој знае дека проблемот е многу поголем отколку да се обвинува Новак, па остро удри по своите сонародници кои критикуваат по социјалните мрежи.

„Неверојатна е количината на срање по Новак овие денови. Натпревар кој повеќе ќе просере. Човекот направи сѐ за да ни помогне нас Хрватите да се промовираме и да спасиме барем дел од туристичката сезона. Имаше грешки, секако. Но во прв ред кај Димитров и организаторот, а потоа кај другите. За споредба видете ги кафичите, ноќните клубови за време на викенд, натпреварите, јавниот превоз… Секаде има многу луѓе и никој не носи маски ниту држи растојание. Но нормално вие удривте со сите оружја по Новак. А човекот го ризикува своето здравје да ни направи нешто. Ова што се случи паметните ќе сфатат дека е поради тоа што сите заедно премногу се опуштивме. Тука се гледа дека без разлика на статусот и богатството сите исто сме подложни на вирусот и мораме подобро да се чуваме. Бидете здрави и среќни“, напиша Дино Раѓа.