118 нови случаи на коронавирус во Македонија – 55 во Скопје, 20 во Тетово


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во последните 24 часа се направени 1363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 55
-Куманово 9
-Дебар 1
-Штип 1
-Прилеп 4
-Тетово 20
-Струга 2
-Велес 2
-Битола 1
-Охрид 9
-Гостивар 4
-Гевгелија 1
-Струмица 2
-Свети Николе 1
-Кичево 1
-Ресен 5

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:

-Скопје 37
-Штип 3
-Прилеп 5
-Тетово 24
-Велес 1
-Гостивар 4

Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5311, бројката на оздравени пациенти е 2048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012.