Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонската е-спорт екипа освои шампионско место во „League of Legends” и вице шампионско место во „Counter Strike: Global Offensive” во европскиот куп на Нации во еспорт „StayHome European Nations Cup”.
Како што соопштија од македонската е-спорт екипа, во играта „ProEvolution Soccer 2020″ се пласирале до четврт финалето. На квалификациите за купот на Нации пријавени биле 130 тимови и 40 поединци.
Посочуваат дека дванаесет членки на Европската Федерација го организирале овој куп на Нации за да ја подигнат свеста кај младите во Европа за опасноста од Ковид 19 и да порачаат дека е добро да се остане што е можно повеќе во карантин за да се спречи ширењето на вирусот.
Купот се одржа во три наслови „League of Legends”, „Counter Strike: Global Offensive” и „ProEvolution Soccer 2020″.