Облачен јунски вторник


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Овој втоник, 23 јуни, во Македонија носи облачно и нестабилно време. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално ќе има пообилни врнежи (над 20л/м2), наместа во форма на невреме со електрични празнења и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 18 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 24 степени. Маврово 18,Охрид 23, Битола 26, Крива Паланка 24, Берово 22, Кавадарци 29, Дојран 30.

Прогнозата за утре е сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.