Во една недела само во Пекинг направени 2,3 милиони тестови за КОВИД-19


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во последните 24 часа во Кина се потврдени 26 новорегистрирани случаи на коронавирус. Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека е увезен еден нов случај на инфекција и дека 25 се потврдени во земјата, додавајќи дека нема смртни случаи кои би можеле да бидат поврзани со Ковид-19.

Во изминатите 24 часа, во главниот град Пекинг се регистрирани 22 случаи на инфекција со коронавирус, со што бројот на заразени во градот е на 227 од 11 јуни.

Во Кина досега се заразени 83.378 лица, додека 78.413 лица на кои претходно им била дијагностицирана Ковид-19 се излечиле. Од почетокот на пандемијата, пријавени се 4,634 смртни случаи поврзани со коронавирус.

Официјалните лица соопштија дека минатата недела биле тестирани 2,3 милиони луѓе во Пекинг со цел да се спречи ширењето на епидемијата во тој град.

Исто така, училиштата во главниот кинески град се привремено затворени, додека масовните собири, како што се планираните спортски и уметнички активности, се привремено прекинати како мерки на претпазливост.