Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според наводите кои ги пренесува „Дејли меил“, 57-годишниот актер Џони Деп го споменал името на манекенката Кара Делевињ во тужбата за клевета против неговата бивша сопруга Амбер Херд, во која од неа бара 50 милиони долари ошета.
„Дејли меил“ пишува дека Кара, Амбер и Илон Маск, со кои Амбер била во врска по разводот со Деп, имале секс во тројка.
Наводно, според соседите, сексот во тројка се случил во станот на Деп во Лос Анџелес во 2016 година. Во тоа време, двајцата веќе биле разделени, а Амбер останала во станот.
Наводно, Деп размислувал да ја покани Кара за да сведочи и да даде какви било информации за Амбер што би му биле од корист во судските постапки. Тој веќе побарал од судот , милијардерот Маск и актерот Џејмс Франко да ги предадат телефонските пораки и електорнската пошта што ги разменувале со Хард во мај 2016 година, кога двајцата се развеле.
„Кара може да биде принудена да даде докази на која било страна во постапката. Постои можност, сешто може да се случи во оваа постапка“, рекол изворот.
Деп ја тужи неговата поранешна сопруга за клевета, откако таа го обвини во интервју за „Вашингтон пост“ дека физички ја злоставувал. Иако не бил спомнат по име, поради гласините предизвикани од интервјуто, тој остана без улога во филмот ,,Пирати од Карибите”.
Меѓу сведоците е и Џош Дру, поранешниот сопруг на пријателката на Амбер, Ракел Роки Пенингтон.
„Дали некогаш отворено ви кажала дека таа, Кара и Маск ја минале ноќта заедно додека била во брак со Деп“, прашал адвокатот во судницата.
„Да, но не можам да кажам кој датум беше“, одговорил Дру.
„Тројцата имаа афера?” прашува адвокатот, а Дру одговорил дека го разбрал прашањето.
Маск претходно тврдел дека започнал врска со Амбер кога таа раскинала со Деп, но актерот тврди дека тоа не е вистина. Тој, наводно, од персоналот на зградата дознал дека Маск доаѓа кај Амбер додека снимал во текот на 2015 година.
Делевињ и Херд не го кријат фактот дека и двете се бисексуалки, тие честопати се гушкаат во јавност, но никогаш не потврдиле дека биле во врска.
Маск ги отфрли наводите од оваа судска постапка, велејќи дека никогаш не бил во заеднички контакт со манекенката и со поранешната сопруга на Деп.