Четврточна временска прогноза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Времето во Македонија овој четврток, 18 јуни, ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен северозападен и западен ветер ќе преовладува денеска во земјава. На повеќе места ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните и североисточните делови од земјава.

Утринската температура ќе биде во интервал од 11 до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 17 до 31 степен.

Во Скопје слично време со услови за локален пороен дожд и ретки грмежи попладне. Минималната температура ќе достигне до 14-тиот, а максималната до 30-тиот степен.Маврово 17, Охрид 25, Битола 29, Крива Паланка 24, Берово 23, Кавадарци и Дојран 31.

Синоптичарите најавуваат преодно стабилизирање во петок, а за време на викендот и на почетокот на следната недела повторно ќе има услови за попладневна локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен северозападен ветер.