Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од денес регистрираните 193 нови случаи на коронавирус во Македонија, неверојатни 72 отсто, или 140 новозаразени се во Скопје, со што Скопје дефинитивно е најактивното жариште на КОВИД-19 во моментот кај нас. Од вкупниот број активни случаи во земјава (2.469) дури 1.425 се во Скопје, што изнесува дури 57 отсто.
Кога ќе се видат бројките според општини објавени од Министерството за здравство (во таа дистрибуција се наведени случаите до вчера, кога имаше 97 новозаболени во Скопје) се гледа дека ширењето на Ковид-19 се дисперзира во речиси сите општини, а не само во Чаир. Единствено во Сарај има намалување на бројката – од 96 на 95 пациенти.
Најголем пораст на нови инфекции има во Гази Баба (од 104 на 114), во Центар (од 105 на 114), во Студеничани (од 52 на 62), во Карпош (од 94 на 100), во Кисела Вода (од 64 на 71), во Шуто Оризари (од 40 на 46). Во другите општини порастот е по неколку лица, како во Чаир (од 302 на 306), некаде бројката е иста (како во Арачиново, Чучер Сандево и Зелениково).
Но бројката на денешните 140 заразени во Скопје ќе донесе и поинаков распоред на случаите според општини, а детализираните податоци Министерството за здравство треба да ги објави утре.