Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Синоќа, во Скопје, како последица од коронавирусот, почина Ристо Мелоски (48), попознат како диџеј Ицко од „Антена 5“ радио. Тој бил заразен со КОВИД-19, а починал синоќа на Инфективната клиника во Скопје.
Тој подолго време боледувал од Ковид-19. Негови блиски велат дека немал никакви дополнителни здравствени проблеми. Секоја година бил дел од Скопскиот маратон и трчал и до 20 километри, а бил дел и од мото клубот “Нокни волци“. Бил хоспитализиран на трети јуни бидејќи имал висока температура, но никој не се надевал дека ова ќе се случи. Потоа стасале добри вести, дека е подобар, но дека место да оздрави, тој синојка ја загуби битката, велат негови колеги.
Диџеј Ицко на клупската сцена во Македонија е над 15 години. Прогресивната музика е основен елемент на неговите миксови во комбинација со електро и вокални елементи кои прават интересна фузија и вистинско задоволство на „хаус“ музика.
Беше семен човек, сопруг и татко на две деца.