Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сопругата на трагично загинатата кошаркарска легенда Коби Брајант, Ванеса Брајант, со емотивна порака која ја упати до обожавателите на Коби во текот на викендот, објасни зошто ги направила неодамнешните измени на нејзината страница на Инстаграм за да може да продолжи понатаму по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг.
Ванеса им се заблагодари на обожавателите на Коби за поддршката, но исто така истакна дека таа и нејзината ќерка Наталија (17) мора да ги блокираат фан страните на нејзиниот сопруг кои објавуваат фотографии од Коби и нивната ќерка Џиана кои загинаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари.
„Јас и Наталија моравме да ги блокираме веб-страниците затоа што е тешко да се вклучиш на интернет и постојано да се гледаат фотографиите од нашите сакани Џиџи и Коби на секое отворање“, напиша Ванеса. „Блокирањето на страниците помогна во промена на алгоритмот.”
„Ве сакаме сите вас, но ве молиме разберете дека требаше да го сториме тоа за да можеме да продолжиме понатаму, не затоа што не ве цениме“, додаде таа.
Слична порака, Наталија сподели на Инстаграм, каде исто така има повеќе од еден милион следбеници и објасни дека тоа го прави „10 пати потешко да се справи со загубата“.
„Се надеваме дека луѓето ќе сфатат дека иако фан-страниците имаат добри намери, многу ни е тешко бидејќи се постојани потсетници“, рече таа.
Минатиот месец Наталија сподели фотографија и порака на денот кога Џиџи ќе го прославеше својот 14 роденден. “Ми недостасува твојата насмевка секој ден, но знам дека ти и тато секогаш гледате во нас со насмевка од небото. Те сакам”, напиша таа во тоа време.
Во меѓувреме, Ванеса и Наталија ги криеја своите профили од јавноста.
Коби и Ванеса имаат уште две ќерки, Бјанка (3) и Капри која ќе наполни 2 години на 4 јули.