Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според сите статистички релевантни очекувања, бројката на заразени од коронавирусот во Бразил ќе достигне милион луѓе. Бразил, после САД, е земја со најмногу заразени.
Во последните 24 часа во Бразил постигнат е рекорд – регистрирани се дури 34.918 новозаболени, со што вкупниот број порасна на повеќе од 920.000, пренесе Би-би-си.
Во истиот период починаа 1.300 лица со што вкупниот број починати изнесува 45.241.
Како што наведуваат стручњаците, бројот на заразени и починати не покажува знаци на успорување на вирусот, поради што Бразил се смета за нов епицентар на заразата, каде состојбата секој ден се влошува.
Во оддалечените делови на Амазонија, во кои пристапот до интензивна нега и болничко лечење е отежнато и во кои живеат автохтони народи, најважна е превентивата, поради што жителите на тие области се служат со традиционална медицина, пренесе Ројтерс.
На некои жители на истокот на земјата им се советува да земаат лек против маларија ходроксихлорокин, за да се држи вирусот под контрола, како и да пијат чај од билката џамбу која во традиционалната медицина се користи како лек за забоболка.
Се додава дека ливчињата од билката џамбу се користат и како анестетик, кој ги ублажува болките, за борба против вируси и како лаксатив и афродизијак.
Бразилските фудбалски клубови Ботафого и Флуминенсе одбија наредба од Сојузот да продолжат со натпреварите оваа недела, поради тоа што секој ден има повеќе од 1.000 мртви од корона вирус. Фудбалскиот сојуз на Рио де Женеиро предложи пред почетокот на националното првенство, да се одигра и регионалната лига.
Претседателот на Ботафого, нелсон Нуфареж оваа одлука ја нарече „исклучена од стварноста“, а двата клуба изјавија дека планираат да преземат правни мерки од здравствени и сигурносни причини.