Македонија денес ги отвора границите – еве во кои земји можеме да влеземе без рестрикции


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По точно три месеци, денес Македонија ги отвора границите и македонските граѓани можат да влегуваат и излегуваат од државата, но остануваат задолжителната изолација или карантин при влезот. Можностите за патување се ограничени.

Границите се отвораат денес, со примена на активните мерки за заштита, одлучи денеска владата. Тоа значи дека при влез во Македонија мора да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, а потоа да се минат и 14 дена во домашна самоизолација. Влезот во земјата без тест за сите граѓани или странци значи државен карантин од 14 дена, а потоа и домашна изолација.

Странските државјани кои сакаат да транзитираат низ земјата кон трета држава, од утре тоа ќе можат да го прават од сите гранични премини. Останува ограничувањето од најмногу 5 часа во рамките кои треба да се реализира транзитот.

Владата ги затвори границите на 17 март годинава со цел да го спречи ширењето на коронавирусот во земјата. Точно три месеци подоцна, македонските граѓани немаат многу опции за патување. Поширокиот простор на Шенген зоната засега останува затворен, а Европската комисија најави дека ќе ги отвори границите за граѓаните на државите од Западниот Балкан од 1 јули годинава. Оттука, туристичките патувања за македонските граѓани во моментов се ограничени на Албанија и Србија. Тоа се единствените две држави во кои, во моментов, нема рестрикции за влез на македонски државјани. Може да се влезе и во Бугарија, но таму по влезот мора да се минат две недели во карантин.