Нането е лек за кожата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Нането е растение кое прилично често се користи за чај или за декорација и зачин во јадењето, но неговите полезни дејства може да ги искористиме и кога е во прашање нашата убавина.

Токму од таа причина нането е честа состојка во козметичките препарати.

За да го исчистите лицето, да ја освежите кожата и да го спречите појавувањето на акни и други кожни иритации потребно е да ја подготвите оваа маска: неколку листови нане, една лажица мед, малку маслиново масло и една лажица павлака.

Ситно исецкајте го нането и измешајте го со останатите состојки.

Смесата нанесете ја на лицето и оставете нека делува најмалку 20 минути. Потоа измијте се со млака вода.