Германско-американска соработка: Договор на Фоксваген и Форд за производство на визокотехнолошки и еколошки возила


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако ја објавија својата идна соработка пред скоро една година, двата автомбилски гиганти, Фоксваген и Форс, на 10 јуни потпишаа договор за заеднички развој на лесни камиони, електрични возила и автоматско возење.

Компанијата „Форд мотор“ и „Фолксваген АГ“ потпишаа договор со кој се потврдува нивната глобална алијанса најавена минатата година, за да се задоволат брзорастечките потреби на нивните клиенти во Европа и другите региони, особено кога станува збор за пикапи, лесни комерцијални и електрични возила.

Компаниите очекуваат здружени да ја подобрат понудата за сегашните и идните клиенти преку иновација на возилата, со вклучување на релевантни нови технологии, обезбедување поголема понуда и повеќе избор на модели. Тие предвидуваат континуиран раст на побарувачката за комерцијални возила, како и за електрични возила со високи перформанси, што би додало вредност на индивидуалните портфолија на нивните производи.

Новата автомобилска алијанса ќе произведува пикап со средна големина, кој ќе го конструира и произведува Форд, а ќе излезе во продажба од 2022 година како Фолксваген Амарок, во рамките на компанијата Фолксваген комерцијални возила.

Уште во 2021 година, двете компании дополнително ќе го зајакнат работењето на нивните оддели за лесни комерцијални возила со градско комбе за испорака, врз основа на најновиот модел „Кади“, развиен и произведен од „Фолксваген комерцијални возила“, а подоцна и карго комбе од едно тон, производ на „Форд“. Покрај тоа, планот е да се донесе во Европа до 2023 година високо диференцирано електрично возило „Форд“, изградено на платформата „Модуларен електричен погон“ на Фолксваген (MEB), со што ќе се прошири опсегот на возилата на Форд со нулта емисија во Европа.

За да ги намалат високите трошоци за развој на електрични автомобили, Фолксваген им ја нуди својата технолошка платформа MEB на другите производители на автомобили. „Колку повеќе автомобили се засноваат на платформата, толку поевтино ќе биде“, рече Херберт Дис, претседател на Управниот одбор на групата Фолксваген.

Ова е важен предуслов за да се направи електричната мобилност достапна за масите. За време на животниот циклус на договорените производи, двете компании очекуваат да произведат вкупно до 8 милиони пикапи и комбиња.

Во текот на неколку години почнувајќи од 2023 година, Форд планира да испорача 600.000 електрични возила монтирани на платформата MEB. И тоа не е сè, и двете компании ќе работат со Argo AI за да создадат високо способни автономни возила засновани на технологијата на компанијата „Питсбург“.

Минатата недела, Фолксваген ја направи претходно најавената инвестиција во Argo AI, во која Форд веќе има сопственички удел и интерес за развој. Ова потврдува дека ваквите сојузи можат да помогнат во развој на напредни технологии за кои е потребно многу време и ресурси.