Резултати од обдукцијата на починатиот Афроамериканец Рејшард Брукс: Убиен од полицаецот од зад грб


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Афроамериканец Рејшард Брукс, во петокот вечер, беше застрелан од полициски службеник во Аталанта, започнувајќи од испрашувањето на полицијата во Атланта. Драматичниот случај започна на паркингот пред ресторанот Венди со испрашување на Брукс и со фатални истрели.

Обдукцијата утврди дека смртта на Рејшард Брукс, Афроамериканецот што беше застрелан од полицаец во Атланта, е убиство предизвикано од рани од огнено оружје на грбот.

Во соопштението од канцеларијата на патолози во округот Фултон, обдукцијата покажа дека Брукс (27) починал поради загуба на крв и повреди на внатрешните органи предизвикани од два куршуми. Како начин на смртта е наведено убиство, пренесува Ројтерс.

Брукс беше убиен откако се спротивставувал при апсење на паркинг на ресторан за брза храна, каде што спиел во автомобилот, со што им го блокирал преминот на другите учесници во сообраќајот.

За време на апсењето дошло до туркање и Брукс грабнал електрошокер од еден од полицајците, а потоа бил застрелан.

Неговата смрт предизвика големи протести на улиците на Атланта, а ресторанот за брза храна пред кој се случи убиството беше запален.

Инцидентот се случи во екот на големи тензии во американското општество по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис за време на полициско апсење.