Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Овој Југо има мотор на Кадилак, и тоа 8,2-литарски мотор од моделот Елдорадо. И не само тоа, во него се вградени два мотори.
Конкретните податоци велат дека станува збор за вкупно 16 цилиндри, скоро 1000 КС и погон на сите тркала. Сопственикот предупредува дека двата мотори имаат еден систем за ладење. Како и стандардниот модел, и овој може да зоврие. Затоа, подобро е да се користи задниот V8 во секојдневните активности, а кога треба да се покаже, се вклучува и вторито со што се лансира вистински ѕвер.
Ова Југо во моментов е на продажба и сопственикот бара 25.500 долари за него.