Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На денешната прес-конференција, министерката за финансии Нина Ангеловска објави дека секој граѓанин може да провери дали е корисник на домашната платежна картичка.
Списоците на корисниците согласно дефинираните каритериуми со владината уредба се изготвени и конечната листа е објавена на веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk, а веќе се печатат и првите картички и наскоро ќе почнат да се издаваат на корисниците. Ова го соопшти денеска на прес-конференција министерката Ангеловска, која додаде дека банките ќе почнат да ги доделуваат картичките од крајот на оваа недела, а сите картички ќе треба да бидат издадени најдоцна до 18 јули и искористени најдоцна до 15 август.
Таа појасни дека потребно е граѓаните да го внесат само матичниот број, и да се најдат на листата.
„Заведени се вкупно 324.479 корисници на листата за Домашна платежна картичка и согласно тоа мерката ќе чини 28 милиони евра, односно поточно 27,8 милиони евра. Со овие средства ќе се поддржат таргетираните категории граѓани, ќе се поттикне потрошувачката на домашни производи и услуги и преку вбризгување на 28 милиони евра ќе се поттикне економската активност. Ова ќе придонесе за ревитализирање на македонската економија во услови на Ковид-19“, истакна министерката Ангеловска.