Под одредени услови, денес отвораат кафулињата и рестораните


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според одлуката која беше донесена на владината седница оваа недела, од денеска е дозволено отворање на угостителските објекти.

Но, засега ќе можат да работат само отворените делови од кафулињата и рестораните и тоа до 22 часот, со ограничување на бројот на гости и почитување на здравствените протоколи.

Мерките на Владата за задолжително носење маски на затворен јавен простор и на отворено доколку не е можно да се постигне физичко растојание од два метра остануваат на сила. Вчера беше укинат полицискиот час, воведен за спречување на ширењето на ковид-19.