Нови, повисоки цени на горивата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со најновата корективна одлука на Регулаторната комисија, Еуросупер 95 поскапува за три, а дизелот и Eуросуперот 98 за 2,5 денари по литар.

Со новата цена Еуросупер 95 ќе изнесува 57,5 денари по литар. Еуросупер 98 ќе се продава за 59,5 денари по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 49,5 денари по литар.

Екстра лесното масло ќе се продава за 27,5 денари по литар, додека новата цена на мазутот е 23,427 денари по килограм.