Во Шведска „чипирани“ над 3.000 граѓани – следни на ред се Италијанците


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Biohax“ објави дека проектот за вградување на поткожни чипови на граѓаните во Шведска е успешно спроведен од нивна страна.

Дури над три илјади луѓе одлучиле да си вградат чип, а поддршка им дале и локалните власти воведувајќи можност за плаќање на железничка карта со чипот. Сега во компанијата „Biohax“ се надеваат на големо пробивање на пазарот во ЕУ.

Втора станица за ширење на бизнисот е Италија, пишува „Еуроњуз“. Ерик Ларсен, Швеѓанец на чело на тамошниот огранок, наведува дека се чека само одобрение од министерството за здравство на Италија.

Кога ќе се добие одобрението, се очекува во Минано и Рим да се вградат чипови кај околу 2.500 луѓе.

„Оваа технологија е настаната за да ни помогне. Тоа е како да имате мали супермоќи“, објаснува Ларсен.

„Поголем број од луѓето не сфаќаат дека нашите чипови немаат „GPS“ и дека ние не ги следиме клиентите. Но јасно ми е дека луѓето се плашат затоа што за слична технологија имаат впечаток само од холивудските филмови“, вели Ларсен.

„Лично не гледам ништо лошо. Тоа е пасивна технологија, ја контролира сопственикот. Треба да се биде многу блиску за податоците да се отчитаат. Ни вградувањето не е болно, како да ве каснала пчела“, вели Мартин Левин, кој веќе три години има два чипа на рацете, чие вградување го чинече 150 долари.

„Станува збор за истата технолопгија како и кај банкарските картички, и ризиците се исти. Постои можност некој да фати сигнал. Уште поголема компликација е ако идните верзии ги следат податоците за вашето здравје или ако содржат други приватни информации“, вели Роб Ван Ајк од Европскио институт за иднина на приватноста.

Компанијатга истакнува дека нема причина за страв. Голема револуција и масовно користење на чиповите очекуваат со развојот на технологија со која чипот ќе функционира како паричник.

„Се надевам дека плаќањето ќе стане главна функција. Очекувам иднина во која чипот ќе стане некоја врста на мобилен идентитет“, вели Левин. Преговорите за Италија веќе се водат во тој правец со „Водафон“ и „Пеј Пал“, а британската компанија „Био Тек“ развива технологија за бесконтактни чип плаќања и се надеваат дека во скоро време ќе има резултати.