Овие два симптоми на КОВИД-19 се најчести кај жителите на Европа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Главоболка и губење на мирис се најчестите симптоми на КОВИД-19 забележани кај европските пациенти кои имаат лесна или умерена форма на манифестација на вирусот, покажаа истражувањата според кои што болеста се јавува во различни форми, во зависност од возраста и полот нa лицата.

Седум од десет пациенти ги имаат и двата симптоми, според студијата на Институтот ИФОС објавена во стручното списание Journal of Intern Medicine и базирана на податоците од повеќе од 1.400 пациенти.

Втор најчест симптом е назална конгестија (67,8%) и кашлица (63,2%), замор (63,3%), проследено со болки во мускулите (62,5%), течење на носот (60,1%) и губење на вкус (54,2 проценти), додека помалку од половина од пациентите (45,4 проценти) имаат треска.

Оваа прва епидемиолошка студија за европски пациенти со лесна форма на ковид-19 е направена за да се процени зачестеноста на симптомите на олфакторна загуба (аносмија) и вкусот (агнузија) споменати од некои пациенти.

Резултатите од студијата покажале зачестеност на овие симптоми кои не биле забележани во студиите за пациенти во Азија.

Истражувањата во пет европски земји (Франција, Белгија, Италија, Шпанија и Швајцарија) потврдуваат дека загубата на мирис е еден од специфичните симптоми на ковид-19 и не само како резултат на затнат нос.

„Способноста на ковид-19 да ја нападне олфакторната функција и централниот нервен систем е веројатно објаснување за аносмијата“, истакнува Болницата Фох.

Аносмија и агенузија се опишани многу малку во студиите за кинеските пациенти, кои пријавиле само треска, кашлица и респираторна болка како симптоми на ковид-19.

Истражувањето на францускиот институт ИФОС ја објаснува оваа разлика со фактот дека се спроведуваат кинески истражувања на хоспитализирани пациенти, со потешка форма на инфекција.

Авторите на студијата претпоставуваат дека генетските мутации во коронавирусот може да бидат причина за различни симптоми и потенцираат дека зачестеноста на симптомите зависи од возраста и полот на заразената личност.

Младите пациенти најчесто имаат проблеми со ушите, грлото и носот, додека постарите имаат треска, уморни се и губат телесна тежина. Мажите имаат кашлица и треска почесто, а жените со поголема веројатност го губат чувството за мирис, страдаат од главоболки и имаат затнат нос.