Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После одржаната владина седница, премиерот Оливер Спасовски соопшти дека од утре ќе почнат да работат Заводот за рехабилитација на слухот, автошколите, авто испитните центри, спортски центри, спортски и други обложувалници со шалтер систем, како и трговските центри и молови без угостителските дејности. Трговските центри ќе работат од 10 до 16 часот, со исклучок на недела кога ќе бидат затворени.
Долгорочно тој најави три фази на олеснување на мерките и дури третата фаза предвидува целосно враќање на работниот процес со почитување на превентивните мерки за лична хигиена и дистанца. Ова треба да се сфати како неопходност за заштита на ншшето здравје, порача премиерот Оливер Спасовски.
-Преземаме нов чекот кон новата нормалност. Сметаме дека ситуацијата е под контрола, а здравствениот систем постигнува ефикаснот во справување со фаталниот вирус ковид-19 -истакна Спасовски.
Оваа ситуација, потенцираше тој, е резулатат на сеопфатни и системски мерки носени исклучиво врз основа на препораките од Космисијата за заразни болести и врз основа на нивните научни анализи и СЗО.
-Од Комисијата имаме јасни укажувања, дека влегуваме во период кога се очекува дополнително опаѓање на интензитетот на вирусот, што ја отвора можноста за пошуштање на мерките, но под крајно прецизни услови и критериуми. Мерките не само што дадоа добри резултати, туку ги зајакнавме медицинските капацитети, за разлика од почетокот, и сме подготвени да одговориме на понатамошниот тек- рече Спасовски.
Појаснувајќи ги поконкретно фазите со олеснувањата, тој соопшти дека првата фаза опфаќа тековно функционирање на стопанските дејности во време на вонредна состојба и ограничување на движење, со постепено намалување на времетраењето на ограничувањето. Втората фаза е транзициона односно иницијално воспоставување на работните процеси, со строго одредени мерки. Третата фаза е потполно враќање на редовно работниот процес, со почитување на противепидемиски мерки, прицизираше Спасовски.
Околу угостителските објекти Спасовски рече дека опасноста од ширење на вирусот таму е најголема, и затоа следната недела ќе разговараат за оваа тема.
Околу третиот сет на економски мерки премиерот рече дека се уште се разговара за нив и тие се во работна верзија. Тој ги спомена и општините како можност и тие да помогнат околу мерките.
Запрашан до кога ќе трае за вонредната состојба Спасовски рече Владата прави анализа на она што досега е постигнато со неа, особено во делот на здравствената криза. Намалување на бројот на инфицираните, но и импликациите врз економијата ќе бидат основа дали ќе има предлог до претседателот за нова вонредна состојба, изјави премиерот.