Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Њујоршката полиција потврди дека младиот американски рапер Ник Бликски е застрелан во Бруклин во престрелка со огнено оружје, а од прострелните рани починал во болница.
Бликски, роден како Никалаус Томсон, пронајден е на улица во локва крв откако бил застрелан во торзото, велат од полицијата, а на социјалните мрежи неговите пријатели, соработници и фанови веќе се простуваат од младиот рапер.
View this post on Instagram
Само неколку часа пред да биде убиен Ник на социјалните мрежи објавил фотографија од новиот албум, кој требало да излезе на почетокот на јуни.
-Дали сте спремни? Коментирајте ако сте- напиша тој, а само неколку часа подоцна музиката падна во втор план а неговите фанови изразуваа сочувство и неверување во коментари.