Економијата базирана на раземна на ресурси се враќа на голема врата на Фиџи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Принудно наметнатата ситуација и економска состојба поради епидемијата на коронавирусот на планетарно ниво на голема врата го врати на Фиџи концептот за економија базирана на размена на производи и добра.

Две прасиња за еден кајак, возење такси во замена за свеж зеленчук, топли колачи за онлајн курс, стар килим за професионална фотографија, семе од зеленчук за домашна пита и двор за молитва.

Ова се само некои од примерите на стотици размени што се одвиваат низ Фиџи, откако страницата на Фејсбук Barter Barter for Better Fiji ’ (Раземна за подобро Фиџи) беше промовирана пред неколку недели. Веб-страницата е одговор на остриот пад на вработеноста поради пандемијата на коронавирус. Сега страницата има повеќе од 100,000 членови, што е навистина многу за земја со 900.000 жители, пишува „Гардијан“.

„Главната причина за започнување на страницата беше помошта и решенијата во новата економска состојба“, вели Марлен Дата, бизнис консултант.

„На многу луѓе на Фиџи ќе им биде тешко да заработат пари, а уште потешко да ги развлечат за цел месец. Идејата беше да се создаде место каде луѓето ќе можат да го добијат она што им е потребно без да трошат пари и да им помогнат на жителите да ја зачуваат готовина за да плаќаат сметки, комунални услуги, превоз и други работи за кои им се потребни пари.

Системите за размена на стоки напредуваат низ Пацификот, а слични страници на „Фејсбук“ се отворија во Тонга, Самоа и Вануату затоа што овие земји се соочуваат со големи економски проблеми како резултат на пандемијата.

Регионот Пацифик во голема мерка е поштеден од Ковид-19. Според официјалните бројки, се пријавени заразени во само шест земји и територии – Северните Маријански острови, Папуа Нова Гвинеја, Фиџи, Француска Полинезија, Гуам и Нова Каледонија – со вкупно 260 случаи и седум смртни случаи.

Сепак, повеќето пацифички земји ги затворија своите граници поради коронавирусот и сега ги чувствуваат ефектите од откажување на меѓународните летови. Меѓународниот монетарен фонд предвидува намалување на економскиот раст од 2,7 проценти за овие земји и пад на туризмот од 40 проценти.

На Фиџи, дури 40,000 луѓе – скоро пет проценти од населението – ги загубија своите работни места заради коронавирусот, најмногу во секторот туризам.

Туризмот, претежно од Австралија и Нов Зеланд, сочинува 34% од БДП на земјата. И додека владата на Фиџи најави различни мерки за помош, многу семејства се борат да преживеат.