Ете го пак: „Сите Срби да излезат и да се инфицираат со коронавирус“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интригантниот и контроверзен српски пулмолог, доктор Бранимир Несторовиќ се прослави со изјавата дека коронавирусот е „најсмешниот вирус“ во историјата, повторно се најде во центарот на српското и балканското виманието со најновата изјава дадена во утринската програма на ТВ Прва.

Српскиот пулмолог им порача на граѓаните дека сега е идеален момент да излезат од своите домови и да се заразат со коронавирусот, затоа што на тој начин ќе стекнат имунитет и ќе спречат враќање на Ковид-19.

„Шансите да дојде до потешки клинички слики се практично ’невозможни‘“, изјави Несторовиќ и ги советуваше постарите од 65 години подобро да се чуваат до почетокот на јуни или до средината на истиот месец.

„Ова повеќе не е истиот вирус од пред два месеци. Веќе две седмици немаме потешко заболени пациенти. Со минувањето низ луѓето вирусот ослабна. Ние на секој заболен имаме по 50 други кои биле инфицирани, но немале симптоми. Не верувам дека ќе дојде до втор бран. Јас бев заговорник да бидат отворени училиштата, ја заговарав идејата децата да излезат и да се инфицираат“, порача Несторовиќ.