Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Авионот „F35 Fihgter“ и суперавтомобилот „McLaren Speedtail“ ги измерија силите и брзините за потребите на познатата автомобилска емисија „Top gear“.
Авионот „F35 Fighter“ моментално е едно од најмодерните летала во светот, а максималната брзина му е 1.6 маха.
Од друга страна суперавтомобилот кој што бил негов конкурент е најбрзиот автомобил на овој произведувач, со максимална брзина од 403 км/ч.
Во трката, била користена варијанта на авионот „F35 Fighter“, кој што има насочувач за полетување на кратки писти.
„McLareen Speedtail“, кој што исто така учествувал во трката, има мотор од 4.000 кубици со V8 распоред, со два турбо полначи. Неговата максимална сила е 1.055 коњски сили, со 1.150 вртежи на њутн метар.
Двете моќни машини се тркале на триаголна патека на аеродром, со тоа што авионот можел и да лета.
Супервтомобилот успеал неколку пати да ја поведе трката, но на крајот авионот бил незапирливо побрз.