Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Главниот советник за епидемиолошки ситуации на владата на Велика Британија, епидемиологот Нил Фергусон, на кој неодамна му беше дијагностициран Ковид-19, си поднесе оставка на функцијата откако ги прекршил правилата за изолација и се сретнал со својата девојка.
Како што пренесува британски Телеграф, професорот Фергусон, кој го советуваше премиерот Борис Џонсон да воведе карантински мерки и ги убедуваше граѓаните дека мора да се придржуваат кон строгите мерки за социјална изолација ѝ дозволил на својата љубовна партнерка, која инаку е во брак, да го посети во неговиот дом. Таа до кај него патувала од другиот крај на градот.
BREAKING: Govt’s top science expert Professor Neil Ferguson resigns after flouting his own social distancing lockdown rules to be with married lover.
Unbelievable & shocking scoop by the Telegraph’s @AVMikhailova >>>>https://t.co/Ja1m52qcSN pic.twitter.com/FEc88ztRBi— Piers Morgan (@piersmorgan) May 5, 2020
Во изјавата за оставката, водечкиот епидемиолог од лондонскиот Империјален колеџ рекол дека направил „грешка во проценката“.
-Прифаќам дека направив грешка во проценката и оти не сум во право. Затоа си поднесов оставка. Се однесував така, убеден дека сум дека сум здрав и имам имунитет. Откако се тестирав позитивно за вирусот, бев целосно изолиран скоро две недели. Длабоко жалам какво било поткопување на јасните пораки дека за да се контролира епидемијата е потребно физичко растојание. Владините упатства се недвосмислени и постојат за да нè заштитат сите нас, изјавил Фергусон.
Тој стана еден од најистакнатите членови на SAGE, а кој=н средината на март предупреди дека 250.000 може да умрат ако Велика Британија не ги примени мерките за физичка дистанца меѓу луѓето, наведува Скај њуз.