Како успеа бе, дедо?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На пијаниот и морето му е до колена, не пак да „заака“ на вакво место во возење со автомобилот. Таа е вистината.

Минатата недела 81-годишен возач на Флорида, САД, бил однесен во полициска станица, откако со својот Subaru успеа да пропадне во пешачкиот тротоар.

Џозеф Лоу го управувал возилото и, во еден момент,влегол посебниот пешачки дел автопатот. Тој возел околу 300 метри пред неговиот Субару конечно да се заглави.

Сведоците на несреќата му помогнале на постариот возач да излезе од возилото. Тој е неповреден, но мирисал на алкохол. По пристигнувањето на местото на несреќата, полицискиот службеник го тестирал возачот и утврдиле дека е пијан. Возачот несреќата ја објаснил со збунетост, односно рекол дека не знае како завршил во таа „лента“.

Дедото бил ослободен од притовр со кауција од 500 долари, како и сообраќајна казна. Субаруто е тешко оштетено, особено од страната на сопатникот, а предното тркало е скоро разнесено.