Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со обвинувања дека владејачката СДСМ калкулира и оставаат простор во спорот со Бугарија за и натаму да тргуваат со македонските национални интереси, објави дека лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи на 12 мај.
Останува на ставот дека сега не е време за избори, туку за справување на последиците со пандемијата од коронавирусот и во здравствена, но и во економска смисла, иако, како што вели, нема дилема дека кога и да се одржат изборите, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.
Според него актуелната власт лошо се справува со економските последици предизвикани од кризата со коронавирусот. Убеден е дека потежок економски период доаѓа во наредните месеци.