Италијанците конечно видоа малку живот – вака се продава сладолед после долгиот карантин


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Слаткарските работници во светската метропола Рим, после олабавувањето на карантинските и превентивните мерки како последица на панедмијата на коронавирусот од која Италија беше една од најпогодените земји, сега користат долги пластични рачки за да ги подадат топките сладолед низ дупка од плексиглас.

Паоло Константини има заштитно стакло, нараквици и маска.

„Може да заборавите што беше пред Ковид-19, моравме да го смениме нашиот бизнис“, вели наградуваниот производител на сладолед.

Пред неговата продавница за сладолед „Ил Гелатон“, од каде што се гледа Колосеумот, има машина со распрскувач за раце.

На клиентите им се мери температурата на влезот со термички скенер и црните и жолти ленти на подот означуваат растојание што мора да го почитуваат.

Италија се гордее со својата традиција на сладолед. Во нормални времиња, веднаш штом ќе зајде сонцето, луѓето одат на освежување. Денес, тоа личи повеќе како посета на болница.

„Се обидуваме да се заштитиме себеси, персоналот и клиентите колку што можеме”, вели Константини.

Италијанците деновиве прв пат по извесно време повторно ја почуствуваа слободата. Некои пандемски мерки се укинати , па може да се вежба на отворено. Кафулињата, баровите, рестораните и продавниците за сладолед се отворени за подготовка на храна и десерти.

Со заштитни мерки, како што се пластични прегради помеѓу масите, тие ќе можат да ги отворат своите врати од јуни. За многумина, ова е катастрофа затоа што гастрономијата е крвоток на италијанската економија.

Се проценува дека економските загуби поради карантинот може да достигнат до 34 милијарди евра само до јуни. Дотогаш, 50.000 бизниси би можеле да бидат затворени и 350.000 луѓе ќе ги загубат работните места.