Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерството за здравство објави дека од следната недела се започнува со скрининг тестирање за корона вирус.
Ќе се опфатат лицата за коишто се смета дека се во критични категории како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижување на стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација.
Скринингот ќе се прави со PCR тестови и ќе овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително ќе се зголеми бројот на тестови.
Во текот на следните денови ќе биде готов новиот алгоритам и ќе се дефинира таргетираниот број на тестови што ќе се прави дневно. Кластерите по возраст и хронични болести би биле опфатени со испитувања во понатамошниот период, за да се види прокуженоста на населението од овој вирус, соопштија од министерството за здравство.
Матичните доктори ќе го добијат новиот алгоритам и преку мој термин ќе закажуваат тестирање на одреден број лица според можностите на системот на дневна база. Брисевите ќе се земаат во постоечките пунктови и ќе ги транспортираат Центрите за јавно здравје во претходно одредени лаборатории.
Стратегијата на Министерството за здравство од почетокот на епидемијата беше да се тестираат пациенти со симптоми, додаваат од таму. Таа даде исклучително добри резултати без да ги оптовари капацитетите за тестирање и за хоспитализација што беше наша примарна цел. Намалениот број на тестирања изминатите денови е доказ дека бројот на активни пациенти во нашата земја значително се намалува.