Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поминаа точно 27 години од веројатно најсрамната и најподмолна сцена која ја памети историјата на тенисот.
На денешен ден, во 1993 година, славната тенисерка Моника Селеш беше нападната со нож на турнирот во Хамбург во текот на мечот против Магдалена Малаева.
Тенисерката од Нови Сад го доби првиот сет со 6:4, во вториот беше 4:3 кога од трибините влета Гинтер Парха и со нож ја нападна од зад грб. Како причина Германецот го наведе што таа била голем ривал на Штефи Граф чиј голем навивач бил тој. На крајот тој кривично не одговараше затоа што судот процени дека бил ментално непресметлив. Својата казна од две години ја помина во психијатриска болница на лекување.
Селеш поради оваа повреда паузираше две години, а по враќањето никогаш не заигра во Германија.