Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најновата статистика на Министерството за здравство во врска со коронавирусот во Македонија вели дека во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на КОВИД-19.
По градови новите случаи на заразени се: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.465, бројката на оздравени пациенти е 738 , на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650. Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 498
Куманово – 389
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –150
Тетово – 82
Струга – 66
Велес – 71
Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -9
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2
Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2
Направените 386 теста се преку: ИЈЗ –287, Ветеринарен ф-тет -11 , Авицена –14, Биотек –20, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со PCR метода -21 и МАНУ -10 . Досега во земјата се направени вкупно 16436 тестирања на ковид -19.