Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пензионираната тенисерка Каролина Вознијацки во обид да се пофали пред обожавателите на социјалните мрежи како ужива во „пензионерските“ денови и во карантинот поради пандемијата на коронавирусот, направи елементарна грешка која имаше обратен ефект.
Таа стана цел на потсмев со последната објава во која облечена во костим за капење напиша: „Витамин Ц. Се обидувам да ги ’решам‘ светлите линии, но секогаш го штитам своето лице“.
Vitamin C☀️ Trying to get rid of my tan lines, but always protecting my face🧢☺️ pic.twitter.com/bF2RjS4ESd
— Caroline Wozniacki (@CaroWozniacki) April 28, 2020
Нејзиниот пост предизвика реакција кај фановите кои сфатија дека поранешната тенисерка не ја знае разликата помеѓу Витамин Ц и Витамин Д.
„Витамин Ц од сонце? Од кога? Мислам дека сакаше да напишеш Витамин Д“
„Колку за информација, не е Витамин Ц кој се создава кога си изложена на сончеви зраци туку Витамин Д“, се дел од коментарите на фановите.
Откако увиде дека погреши, Вознијацки се извини на обожавателите и го поправи својот статус.