Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според статистиката, но и фактографските податоци од осигурителните компании, жените дефинитивно подобро котираат во поглед на безбедно и добро возење во однос на мажите.
Мажите не само што не се подобри возачи од жените, туку резултатот не е ниту изедначен. Најновите бројки покажуваат дека жените се подобри возачи, а статистиката го потврдила тоа. Тоа е истражување базирано само врз статистиката во Велика Британија.
Значи, тезата е направена врз податоците за вкупниот број на луѓе кои имаат возачка дозвола. Има 49 милиони од нив во Британија, со мала предност кај машките возачи со 53%.
Почетокот е автошколата , каде што учествувале 1,6 милиони ученици во 2018 година. Процентот на жени кои го положиле испитот е поголем, 53%, иако се со помал број. Не звучи добро, но сепак секоја понатамошна статистика оди во прилог на жените како возачи.
Во истата година, имало 539.000 прекршители во сообраќајот и односот бил скоро 1: 4, или 79% од сторителите биле мажи. И најдрастичните разлики се кај најчестите престапи како што се брзото возење (1: 3) или возењето под дејство на алкохол (1: 5).
Во текот на истата година, поднесени биле 1,4 милиони побарувања за осигурување. Машките возачи имале двојно поголема веројатност да бидат таму, а нивните барања исто така биле поскапи. Тезата дека машките возачи се повеќе на пат, не одговара со податоци во кои се вели дека машки и женски возачи во Велика Британија ја прават истата километража годишно, околу 11.000 км. И, конечно, жените плаќаат малку пониска полиса за осигурување од мажите, што е конечна потврда дека се побезбедни возачи, пишува британски The Sun.
Според друга студија, возачите кои најчесто постигнуваат негативни поени се оние кои возат Форд. Сепак, возачите на БМВ најчесто го кршат законот кога станува збор за брзо и безгрижно возење.