Два пати во ист ден добил џек пот од по еден милион долари со исти бројки кои ги играл 30 години


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во случајов упорноста следена од среќа била судбоносна за промената на животот на еден Американец од Колорадо кој освои џекпот два пати во ист ден, со истите броеви кои ги играл цели 30 години.

Лотаријата во Колорадо објави дека извесен Џо Б. освоил џекпот од два милиони долари на 25 март. Тој ја подигнал наградата во петокот.

Добитните ливчиња биле купени во Пуебло во две различни продавници, оддалечени околу 1,5 километар. „Џо Б. купил една наутро и една навечер“, рече портпаролката на лотаријата, Меган Дагерти.

Истите бројки, 5, 9, 27, 39 и 42, Џо Б. ги игра веќе 30 години, а сега конечно му се исплати. На прашањето што ќе направи со парите, тој рече дека шефот, мислејќи на својата сопруга, веќе има планови.