Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од најбогатите Норвежани, мултимилионерот Том Хаген беше уапсен под сомнение дека ја убил својата сопруга Ен-Елизабет Хаген, откако нејзината трага се губи пред 18 месеци.
Ен-Елизабет Хаген (69) исчезнала во октомври 2018 година, а семејството соопшти дека непознати сторители побарале откуп за неа. Но, вчера, норвешката полиција го уапси Хаген (70), под сомнение за убиство, јавува Си-Ен-Ен.
Полицијата сега смета дека Ен-Елизабета е убиена, не киднапирана и има доволно докази за да се „осомничи“ Хаген за нејзиното убиство.
„Важно е да се потенцира дека иако го обвинивме Том Хаген, случајот сè уште е под истрага и има неколку неодговорени прашања“, соопшти полицијата.
„Неопходно е да се разјасни точно каква улога играл Том Хаген, да се најде телото на Ен-Елизабет Хаген и да се утврди дали други лица биле вклучени во нејзиното убиство“, додаде полицијата.
Норвешкиот правен систем и дозволува на полицијата да приведе лице под сомнение за кривично дело пред да биде поднесена официјална пријава. Адвокатот на Хаген, Свеин Холден изјави дека неговиот клиент ги негира сите обвиненија.